Ладно
Наставничката ги прашува децата:
- Деца, зошто сега во Америка е ладно?
Малиот Трпе дига рака и вика:
- Затоа што Колумбо ја открил, а никој не ја покрил.
Модерна кражба
- Ало полиција!
- Да!?
- Пријавувам кражба!
- Што ти украле!?
- Статусот
Соништа
Не се откажувајте од вашите соништа, продолжете да спиете!
Снешко
Која е разликата помеѓу обичен снешко, и снешко хомосексуалец?
- На хомосексуалецот морковот му е од позади.
Живинарска фарма
Ѕвони Цветко на некој со непознат број. Од таму се јавува жена:
Цветко:
- Ало, Живинарска Фарма ?
Жената:
- Не господине грешка сте!
Цветко:
- Па, ако е грешка тогаш зошто зборувам со кокошка?
Студенти
Си биле тројца студенти и умреле. Кога умреле отишле кај Св.Петар и тој му рекол на првиот:
- Каде студираш?
- Економски факултет.
- Ааа тоа е лесно, ќе одиш во пеколот.
Го прашува вториот:
- Tи што студираш?
- Медицина.
- Ааа тоа е тешко ти ќе одиш во рајот.
Го прашува и третиот:
- Ти што студираш?
- Електро.
- Ааа тоа е најтешко, ти ќе одиш во пеколот за да видиш што е рај.
Влошки
Се шета лисицата низ шумата и го гледа зајакот цел во крв и му вели:
- Што ти е бе зајко?
- Остај ме лисо, мечката ме искористи како влошка.
Следниот ден повторно лисицата шета низ шума и овој пат го гледа бувот цел во крв и му вели:
- Што ти е бе бубо?
- Остај ме лисо, некој на мечката и рекол дека оние со крилца се подобри од обичните.
Гулабица
Како да станеш за на училиште?
- Стави ја Гулабица за аларм во 7:00 и ќе станеш во 6:50 за да не ја слушаш.
Пиење
Цветко отишол на лекар и лекарот ги гледал резултатите од крвта на Цветко и му вика:
- Цветко, пиете ли?
- Па, може една водка, кога веќе прашувате.
Одбирање
Која е разликата помеѓу политичар и крадец?
- Политичарите ние ги бираме, а крадците не бираат нас.
Јајца
Чак Норис пржи јајца во замрзнувач.
Дете
- Нашиот син докторе постојано си игра во песокот. Прави слатки од песок, прави кули од песок… Ќе го излекувате ли докторе?
- Па тоа е сосема нормално за едно дете!
- И ние така мислиме докторе, но жена му бара развод.




