Логика
Си бил младич на испит по логика и професорот му вели:
- Ќе ти ставам 5 зошто ништо не знаеш!
А студентот му враќа:
- Професоре, а може ли јас да ви поставам едно прашање од вашата област… Ако ми одговорите точно, ставете ми 5 и си одам, ако не ми одговорите точно ставете ми 6 и ќе ви го кажам одговорот!
Професорот се сложил, а студентот му го поставил прашањето:
- Што е легално, а не е логично; што е логично, а не е легално и што е ни легално, ни логично?
Професорот по долго размислување се откажал и му ставил 6ка на студентот, а студентот му го кажал одговорот:
- Вие имате 61 година и имате сопруга од 24 години, што е легално, а не е логично! Вашата сопруга има љубовник на нејзина возраст, што е логично, а не е легално! Вие на нејзиниот љубовник му ставате 6, што не е ни легално, ни логично!
Криење
Дедото му вели на внукот:
- Брзо, скриј се, доаѓа учителот, а ти денес не отиде на школо!
На тоа внукот:
- Ти скриј се, јас сабајлево им се јавив дека си умрел.
Лубов
Заљубена девојка праќа СМС со многу љубов на мобилниот телефон на својот сакан:
Љубов моја,
Ако спиеш, прати ми го твојот сон,
Ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,
Ако пак плачеш, прати ми ги твојте солзи.
…Те Сакам!
Дечкото одговара:
Љубов моја,
Серам…. Што да ти пратам???
Гатачка
Отишол Цветко на гатачка, тропнува на врата, а таа вели:
- Koj e?
На тоа Цветко:
- Ебатe видовитата.
Копиле
Шеснаесетгодишна неискусна девојка отишла дa се исповеда:
- Оче, вчера на еден маж му реков копиле!
- Зошто?
- Затоа што ме допре по рамото без одобрение!
- Како јас што те допирам сега? – прашал попот и ја прегрнал.
- Да, оче!
- Тоа не е основана причина да му речеш копиле!
- Но, оче тој ми ги фаќаше градите!
- Како јас сега што ги фаќам?
- Да, оче!
- И тоа не е причина да го наречеш копиле!
- Но потоа тој ме соблече!
- Како јас ли? – прашал попот и ја соблекол облеката.
- Да, оче!
- И тоа не е причина да му речеш копиле!
- Но, оче тој ме искористи!
- Како јас ли сега што правам? – и ја ставил онаа работа во неа.
- Да оче! – рекла таа неколку минути подоцна.
- И тоа не е причина да го наречеш копиле!
- Но оче, се покажа дека тој е болен од сида!
- Ах, тоа гадно копиле!
Крај на светот
Крајот на светот е најавен во 18:00, повеќе околу тоа во вестите во 19:30.
Клуч за рајот
Синот го прашува татка си:
- Тато, што има меѓу нозете на мама?
- Рај, сине!
- А што има помеѓу твоите нозе, тато?
- Клучот за рајот, синко.
На тоа синот одговара:
- Тато, подобро смени ја бравата зашто и комшијата има клуч…
Свадба
Зошто Трпе обожава да ја гледа свадбата од назад кон почетокот?
- Затоа што Трпана тогаш го вади прстенот, се качува во колата и се враќа кај нејзините дома!
Вселена
Пратиле две кучиња и плавуша во вселената.
Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат:
- Шарко!?
- Ав, ав!
- Притисни го црвеното копче!
И Шарко го притиснал копчето.
После некое време пак се јавиле од Земјата:
- Мурџо!?
- Ав, ав!
- Притисни го жолтото копче!
И Мурџо го притиснал жолтото копче.
Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле:
- Плавушата!?
- Ав, ав!
- Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.
Не знам
Плавуша прашува:
- Извинете, што значи “I don`t know”?
- Не знам!
- Чудно, кого и да прашам не знае!
Чоколада
Плавуша оди во продавница и го прашува продавачот:
- Колку пари е чоколадава?
- Пет бакнежи!
- Во ред, сега баба ми ќе ви плати!
Цртам
Си бил некој сиромав човек кој многу убаво цртал но неможел да вика ц и еден ден дошле родителите на неговата девојка да го прашаат каков човек е за да можат да му ја дадат нивната керка. И таткото прашал:
- Е синко ти што работиш?
А човекот рекол:
- Е дедо јас немам многу пари, но тртам, тртам, многу тртам, тебе и баба има да ве натртам оригинално!




